Работнички по десетти пат шампион на кошаркарскиот куп
КК Работнички по десетти пат ја освои
шампионската титула на Кошаркарскиот куп на Македонија, кој изминатиов викенд се одржа во Гевгелија. Шампионот на финалната средба со Блокотехна заслужено славеше со 71:85, освојувајќи го пехарот. Избраниците на тренерот Марјан Илиевски го добија првото полувреме со резултат 49:45 благодарејќи на добрата одбрана и одличниот Фурденберг. Одлуката за титулата падна во третата и четвртата четвртина во која Работнички одигра одлична кошарка.Тренерот Докузовски инсистираше на агресивна одбрана, но разиграниот Чавдар Костов со успешната реализација ја обезбеди победата.Третата четвртина им припадна на кошаркарите на Работнички со 20:10. Избраниците на Илиевски, од друга страна, во третиот квартал како да изгореа од желба за историскиот прв трофеј и не успеаја да го одржат борбеното темпо. Последната четвртина Работнички ја доби со 20:12 за убедлива победа и нова, десетта титула по ред. Во женското финале Вардар го победи Бадел со 50:40.
За најдобар кошаркар и стрелец на купот беше прогласен Чавдар Костов кој финалниот меч го заврши со 25 поени, а после него на листата на стрелци следуваше Димитар Караџовски кој реализираше 18 кошеви. Во тимот на Блокотехна, Кенет Фундерберг постигна 24 поени. Но, иако Блокотехна го загуби денешното финале, првиот човек на клубот, Томица Главчев, не го криеше задоволството од изданието на својот тим без оглед на конечниот исход на дуелот со Работнички. „Јас сум бескрајно горд на моите момци, за она што го покажаа на овој турнир. За мене ова е исто како да сме го кренале пехарот, игравме добра кошарка, но за жал не успеавме да го победиме Работнички. Сепак, сликата што ја оставаме е максимално позитивна, за нашиот клуб, како и за цела Гевгелија. Горд сум на моите сограѓани за организацијата, за која најзаслужен е Градоначалникот Поцков, голема благодарност за поддршката што ја добивавме во текот на натпреварите. Спортската атмосфера и начинот на кој го прифативме поразот треба да биде пример како треба да изгледат натпреварите, бидејќи ова сепак е спорт“ – изјави Главчев.