Една стипендија за гевгелиски студент од ЕУРМ
Европскиот универзитет на РМ (ЕУРМ)
ќе додели една стипендија на студент од Гевгелија во наредната студентска година. Маркетинг тимот на ЕУРМ на средбата со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков информираше дека ќе додели бесплатна стипендија за еден ученик од овој град. Ова е дел од акцијата на Европскиот универзитет за бесплатно школување на еден од факултетите кои функционираат во рамките на овој Универзитет, која ќе биде наменета за 10 матуранти од државата. Поточно, за матурантите од 10 града во земјата, вклучувајќи ја и Гевгелија. Градоначалникот на Поцков се заблагодари на донираната стипендија и нагласи дека при нејзиното доделување ќе се води сметка за социјалната и образовната карактеристика на идниот студент од овој град, кој ќе добие бесплатна стипендија на еден од факултетите на Европскиот универзитет.
Инаку, „Караванот на образованието“ на ЕУРМ, покрај средбата со градоначалникот Сашо Поцков, престојуваше и во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Маркетинг тимот кој е задолжен за презентации и запознавање на идните студенти со условите и начинот на студирање на овој Универзитет имаше средба со гевгелиските матуранти. Притоа, беше извршена и презентација пред матурантите, кои со внимание и интерес ја следеа презентацијата и сакаа да дознаат сè за условите под кои се станува студент за Европски универзитет. Матурантите беа поканети да присуствуваат на некоја од предавањата и работилниците кои ЕУРМ ги организираат за матурантите и идните студенти со цел одблиску да го видат Универзитетот и да одлучат дали нивното образование сакаат да го продолжат токму тука, на Европскиот универзитет