Истражувачки проект на гевгелиски средношколци меѓу десетте најдобри
Учениците Ангела Костадинова и Никола Раменчев
од средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија со своите истражувачки проекти од областа на биологијата влегоа меѓу најдобрите 10 на 28-от Меѓународен натпревар што го организираше едукативната институција МЕФ од Истанбул.
- Со проектот за искористување на изметот од рибите за природно ѓубрење на растенијата нашите ученици влегоа меѓу најдобрите 10 на натпреварот што за нас претставува огромен успех, а за нив поттик уште подлабоко да навлезат во тајните на научните истражувања - велат нивните ментори, професорките Ани Костадинова и Софија Тошева-Раманчва.
Големиот успех е остварен во конкуренција на 700 проекти од кои најдобрите 10, кои влегоа во финалето се изработени од страна на ученици од Северна Македонија, Киргистан, Полска, Словенија и Азербејџан.