За 24 часа во Гевгелија наврнале 21 литар на метар квадратен дожд
Во изминатите 24 часа во Гевгелија наврнале 21 литар на метар квадратен дожд.
Најголемите количества врнежи беа синоќа, кога врнежите беа и најобилни. Најмногу дожд - 36 литри наврнале во Ѓуриште и во Виници, каде што се измерени 32 литри на метар квадратен.
Според прогнозите на синоптичарите засега не се очекуваат нови врнежи на дожд. Тоа значи дека најавениот бран со обилни врнежи како да ја заобиколи земјата. По синоќешните врнежи во Гевгелиско не се забележани некакви поголеми штети или закани за излевање на водотеците. Иако, улиците веднаш се наполнија со вода, но, разреденоста на врнежите не предизвика пообилни води.
Од страна на надлежните институции се нагласува дека состојбата со временските прилики се следи и понатаму, а се преземени сите неопходни превентивни мерки, согласно Препораките на општинскиот кризен штаб.