Ученичката Мартина Трајановска меѓу најдобрите “Французи“
Ученичката Мартина Трајаноска од четврта година во
СОУ „Јосиф Јосифовски“ под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ го освои второто место на државниот натпревар по француски јазик за есеј на тема „Има ли потреба од зборови за да се изразиме?’’ Натпреварот беше во организација на Здружението на професори по француски јазик во соработка со Националната комисија за Франкофонија, Филолошкиот факултет и Францускиот институт во Скопје.