Успешна приредба по повод патрониот празник на ОУ “В. Кантаџиев“
Основното училиште „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија,
патрониот празник го прослави со богата приредба во Народниот театар во Гевгелија. Со оваа приредба беше одбележана и 75 одишнината од формирањето на ова училиште, кое е и едно од најстарите во општина Гевгелија. На приредбата свое обраќање по повод јубилејот имаше в.д. директорката Кети Аврамчева, а настапија повеќе училишни секции. Учениците од ова училиште се претставија со извадок од балетот Кармина Бурана, свој настап имаше и драмската секција, како и литературната секција. Исто така, беа изведени и популарни шлагери од учениците во ООУ„Владо Кантарџиев“.
На приредбата за првенец на генерацијата беше прогласен ученичкот Антониј Стојменов, а ученикот од 9.одделение Виктор Тимов со Даунов синдром доби пофалница.