Презентација на вооружувањето на американската и нашата армија
Во Гевгелија, во саботата, гевгеличани на паркинг просторот пред
Основниот суд, градата на општина Гевгелија, можеа да ја проследат презентација на возила, вооружување и опрема на Армијата на САД и на нашата Армија кои се дел од заедничката воена вежба „Одлучен Удар 19“.
Преку директна комуникација граѓаните поблиску можеа да се запознаат со опремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега најголема воена вежба кај нас.„Одлучен удар“ е досега е најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.
Вежбата која се изведува во период од 05.06 до 08.07.2019 година на армискиот полигон „Криволак“ има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.