Со љубов за Вардарски рид
Вчера на Вардарски рид беше одржана
Еко-забава за заштита на овој значаен археолошки локалитет и рекреативен центар, во организација на здружението Changemakers4all, а во соработка со општина Гевгелија, ЈПКД„Комуналец“ и Музејот на Гевгелија. Над стотина гевгеличани, главно, млади ја подржаа иницијативата на невладината организација, што според Марија Томова претставува значаен поттик за заштита наприродната средина. Ме радува фактот што се приклучија многу млади кои си ја сакат својата средина каде живеат и растат. На акцијата се приклучија и многу граѓански организации, ученици, преставници од опшината, комуналното претпријатие . Сите дадоа свој придонес за Вардарски рид, изјави Томова од здружението Changemakers4all.
Учесниците во акцијата ги поправаа и обновуваа клупите, кантите за отпадоци, а се собираше и отпадот. Инаку, во општина Гевгелија веќе се преземени активности за санација на информативните табли и летниковците. Според градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков ваквите акции се за поздравување, бидејќи со поттикнување и надградување на граѓанската свест може да се сочува она што е направено со општински средства или грантови. Паралелно со ова, настојуваме на Вардарски рид да се постави видео надзор и да сеобезбеди дневна заштита со чуварска служба. Се разбира, како превентивна мерка против оние ки кон општественото благо се однесуваат како кон нешто туѓо, вели Поцков.
Вчерашната еко акција заврши со забава, како потсетување на предностите на Вардарски рид.