Премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“
Последниот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“
на режисерката Теона Стругар Митевска вечерва ќе ја има својата премиера. Филмот ќе биде прикажан во Народниот театар во Гевгелија, по успехот што го доживеа на Берлинскиот филмски фестивал, како и освоените награди на екуменското жири и на германската фела на независни киноприкажувачи.
Главната актерка е Зорица Нушева, а покрај неа во филмот настапуваат Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вујисиќ, Виолета Шапковска, Џевдет Јашари и Бајруш Мјаку. Филмот ќе се прикажува и на 18 и 20 јуни 2019 година, со почеток во 20 часот, во организација на Домот на културата во Гевгелија. Цената на билетот е 100 денари.