Image
ВЕСТИ

Распишани тендери за изградба на патиштата Негорци-Серменин и Давидово-манастир Св. Илија

Општина Гевгелија распиша тендери за изградба на локалните патишта

Негорци-Серменин и Давидово-Манастир Св.Илија. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на општина Гевгелија и одобри грант за изградба на овие патишта. За изградба на последната делница од патот Негорци-Серменин, од скоро 1 километар, доделени се 8.037.618 денари. Додека за изградба на локалниот пат од населено место Давидово до манастирот „Св.Илија“ се доделени 10.665.309 денари Патот е во должина од 767 метри, а води од селските гробишта до манастирот Св.Илија.
Отворањето на понудите за изградба на дел од патот Негорци-Серменин е закажана за 17 јули 2019 година во 11 часот, а за локалниот пат Давидово-Манастир Св.Илија еден час подоцна, во 12 часот.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio