Стартува хоризонталната сигнализација на улиците во Гевгелија
Започнува летната акција за хоризонтална сигнализација на сообраќајниците во Гевгелија.
Со акцијата, покрај осовинското обележување на улиците, ќе бидат обележани пешачките премини, паркинг-просторот, кружни текови, таксите стојалишта и автобуските постојки. Обележувањето се очекува да биде изведено на 3000 метри квадратни површина. Хоризонталналната сигнализација ја изведува фирмата „Виа сигнал“, која на тендерот даде најповолна понуда, а која согласно потпишаниот договор обележувањето треба да го заврши во рок од седум дена. Се рабира, во зависност од временските прилики.