Летна акција на ЈКПД „Комуналец“
ЈПКД„Комуналец“ започна со летната акција за вонредно собирање
на комуналниот смет во населените места во општината. Изминатиот викенд комуналните служби вонредно го собираа сметот во населените места Негорци, Прдејци и Смоквица. Претходно, жителите од наведените населени места беа известени навреме да го изнесат сметот од дворовите како би можело истото да биде подигнато од екипите на „Комуналец“.
Во јавното комунално претпријатие нагласуваат дека акцијата била успешна и ќе се применува во текот на летото се со цел да се обезбеди навремено собирање на сметот. Но, истовремено граѓаните да не го фрлаат сметот на дивите депонии. Се предвидува во овие населени места двапати неделно да се собира комуналниот смет од домаќинствата. За таа цел, ќе биде побарана соработка со месните заедници, а во акцијата ќе се вклучат и надлежните општински инспекциски служби.