Извршено второто прскање за заштита од комарци
Во општина Гевгелија извршено е второто годинашно прскање за заштита
од комарци на подрачјето на целата општина. Тереистичкото прскање беше извршено во вечерните часови, изминатиот четврток и петок. По јунското, ова е второто заштитно прскање од терен што го извршија екипи на Центарот за здравје-ПЕ Гевгелија.
Најавено е уште едно заштитно прскање од терен, и тоа, во периодот од 18 до 20 август. Општина Гевгелија годинава се определи самостојно да го организира заштитното праскање проив комарци, а не во рамките на Југоисточниот плански регион, каде шпто прскањето се изведува авионски. Според стручњаците заштитното прскање од терен дава подобри ефекти. Особено што се вршо во одредени периоди преку цело лето.