Настан за зголемување на свеста за ризиците од пожар
Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Територијалната противпожарна единица
Гевгелија денес (09.08.2019 година) на градскиот плоштад во Гевгелија ќе одржи настан за зголемување на свеста за ризиците од пожар. Кампањата на ДЗС трае од 15.07. до 15.08. и има за цел да ги едуцира граѓаните и да ја поттикне свеста за опасноста и ризиците од пожари.
На плоштадот со почеток во 18 часот ќе се дели едукативен материјал и во разговор со граѓаните припадниците на ДЗС и ТППЕ ќе предупредуваат од опасноста од природните стихии.