Почна изградбата на последната делница од патот Негорци-Серменин
Започна доградбата на последниот километар од патот
Негорци-Серменин. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и одобри на општина Гевгелија осум милиони денари за изградба на последната делница од локалниот пат Негорци-Серменин. Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по тој повод истакна дека со ова конечно завршува неговата целосна изградба и се постигнува целта за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини. Исто така, се отвораат големи можности за развој на руралниот туризам како и развој на параглајдерскиот туризам, бидејќи во близина на населеното место Серменин веќе е почната изградба на полетна стаза за параглајдеристи.
Изведувач на работите на изградба на последната делница од патот Негорци-Серменин е градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија, која на јавниот повик даде најповолна понуда.