Доделени картички за зелена нафта
Првите картички за зелена нафта беа поделени во Гевгелија,
како дел од Владината мерка за поевтино гориво за механизацијата. Според Дејан Маркудов, раководител на подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Гевгелија во општините Гевгелија, Богданци и Дојран со оваа мерка се опфатени околу 1579 земјоделци, а до сега се поделени околу 400. Средствата на картичките земјоделците треба да ги искористат до крајот на април 2020 година, нагласи Маркудов.
-Ова е голем проект од кој корист ќе имаат земјоделците. Ова е за првпат земјоделците да добиваат поевтина нафта или 30 отсто од трошоците за нафта да ги покрива државата, за што се обезбедени 200 милиони денари и 55.000 картички. Средствата на картичките земјоделците треба да ги искористат до крајот на април 2020 година. Земјоделците своите картички за зелена нафта ќе можат да ги подигаат секој работен ден од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а сите оние кои сѐ уште не го подмириле долгот за закуп на државно земјоделско земјиште да постапат согласно договорите за закуп, истакна градоначалникот на општина Гевгелија.