Објавена продажба на 11 градежни парцели
Општина Гевгелија ја објави продажба на 11 градежни парцели
државно земјиште по пат на електронско јавно наддавање. Осум градежни парцели за индивидуално домување се наоѓаат во станбената населба „Караорман“, една парцела за домување и една парцела за лесна индустрија крај Моински пат, како и една парцела за изградба на станбена зграда на улица „Ристо Јанев“, во близина на новиот пазар. Површината на осумте градежните парцели во станбената населба „Караорман“ се движи од 285 до 674 метри квадратни, додека едната парцела крај Моински пат е со површина од 452 метри квадратни. Површината на парцелата за лесна индустрија крај Моински пат е 5.603 квадрати. За сите нив почетната продажна цена изнесува 61 денар за метар квадратен.
Почетната продажна цена на парцелата за изградба на станбена зграда на местото викано стар пазар е 2570 денари од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk и тоа за: 1. Градежните парцели со намена А1-Домување во станбени куќи да се достават електронски до 11.09.2019 година, , а за нив електронски ќе се лицитира на 13.09 во времето од 9 до 13 часот. 2. Градежната парцела со намена А2- Домување во станбени згради и градежната парцела со намена Г2-Лесна индустрија да се достават електронски до 23.09.2019 година, а електронската лицитација ќе биде на 25.09.2019 година во времето од 9,30 до 10,15 часот Објавата за продажба на парцелите ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Гевгелија www.gevgelija.gov.mk