Во гевгелиските училишта - подобрени услови и нови инвестициски зафати
Во пресрет на новата учебна година во сите
општински основни училишта и во средноучилишниот центар се преземени активности за подобрување на просторните и воопшто условите за работа.За таа цел од заштедените средства од добиените дотации вложени се над 500.000 денари. Зафати за подобрување на условите се извршени не само во централните училишта, туку и во подрачните училишта во населените места. Така, ООУ„Климент Охридски“ во Миравци за време на летниот училишен распуст изврши замена на столаријата и оградување на подрачното училиште во Милетково. Додека пак ООУ„Ристо Шиклев“ во Негорци изврши уредување на ново спортско игралиште во подрачното училиште на населеното место Кованец.
Во ООМУ„ Васо Карајанов“ во тек е санација на покривот на училишната зграда. Музичкото училиште е сместено во стара зграда, која постојано се обновува заради непречено одвивање на наставата. Така, минатата година беше извршена звучна изолација на вратите во училиштето, варосување, белење на ентериерот во училиштето, набавени беа училишен и канцелариски мебел, наставни нагледни средства и музички инструменти. Пред новата учебна година беше преземен поголем зафат за целосна санација на покривот на училиштето за што се издвоени 300.000 денари.
Сепак најголемиот инвестиционен зафат во образовните институции во општината, во пресрет на новата учебна година, е реализиран во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Изградени се нови 21 училници со што се обезбедува едносменско работење и целосна енергетска заштеда во овој средноучилишен центар. Имено, од оваа учебна година над 650 средношколци и тоа во гимназиско образование, угостителско туристичка струка, економска и машинска струка наставата ќе ја следат во една смена.
Изградбата на новите училници во западното крило чинеше вкупно 40.296.360 денари, од кои 34.700.320 денари се заем, кој општина Гевгелија го доби од Светска банка, а преостанатите средства за обезбедени од општинскиот буџет. Училниците се целосно опремени со средствата што ги обезбеди самиот средноучилишен центар.Изградбата на новите училници во западното крило чинеше вкупно 40.296.360 денари, од кои 34.700.320 денари се заем, кој општина Гевгелија го доби од Светска банка, а преостанатите средства за обезбедени од општинскиот буџет. Училниците се целосно опремени со средствата што ги обезбеди самиот средноучилишен центар.По изградбата на новите училници, во СОУ„Јосиф Јосифовски“ продолжуваат градежните работи и за реконструкција на угостителскиот дел и ресторанот во ова средно општинско училиште. Овој проект се реализира со заштедените 28 милиони денари од блок дотациите што училиштето ги добиваше во изминатите осум години. Новиот комплекс ќе овозможи непречено одвивање на наставата во угостителските паралелки, посебно, на практичната настава.