Општина Гевгелија донира 400.000 денари за санација на опожарената зграда
Советот на општина Гевгелија донесе одлука за донирање на 400.000 денари
за санација на покривот и оштетените станови во опожарената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ во Гевгелија. Имено, советничката група на СДСМ со колаиционите партнери на побара дополнување на дневниот ред на претстојната 30.седница на Советот на оппштина Гевгелија со Предлог-Одлука за исплата на финансиски средства за санирање на опожарената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ во Гевгелија. Со одлуката се предлага од општинскиот буџет да бидат издвоени 400.000 денари за реконструкција на покривот и опожарените станови од пожарот што ја зафати оваа колективна зграда на 30 јули годинава. Во пожарот беа целосно уништени 6 стана во сопственост, од кои 4 во сопственост на физички лица, а 2 во сопственст на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Поточно, пожарот го уништи целиот станбен простор на шесттиот кат од зградата, во вкупна површина од 298 метри квадрати со сета покуќнина и опрема.
Веднаш по пожарот, општина Гевгелија обезбеди првична парична помош, во висина на едномесечна просечна плата, за оштетените семејства, организираше сместување на станарите кои останаа без покрив над главата, како и акција за расчистување на оштетениот станбен простор и зграда. Покрај ова, беа организирани неколку работни акции за расчистување на изгорениот материјал, како и хуманитарна акција за собирање на парична помош. По донесената одлука за страна на Советот на општина Гевгелија, средствата во висина од 400.000 денари ќе бидат префрлени на сметката на Здружението на оштетените граѓани од пожарот со посебна намена. Односо, да бидат искористени за санација на покривот и становите на опожарената зграда.