Еко акција во Богородица
Продолжуваат еко акциите за заштита на животната средина,
и тоа, не само во Гевгелија, туку и во населените места. Таква беше и акцијата во Богородица за чистење на јавните површини пред јавните простори во која учествуваа граѓаните на ова населено место. Акцијата беше поттикната и поддржана од општина Гевгелија, а во неа учествуваа и работници на ЈПКД „Комуналец“.
Се чистеше просторот кај подрачното училиште „Гоце Делчев“, кај детската градинка „Малото штркче“, кај старото училиште на влезот од населбата. Резултатот од акцијата беше насобраниот комунален отпад, кој беше натоварен во неколку камиони. Акцијата е организирана во пресрет на празникот мала Богородица, патрон на населеното место, кој се слави на 20 и 21 септември.