Продолжува соработката меѓу Гевгелија и Пеонија
Заменик-градоначалникот на Пеонија, соседна Грција,
Атанасиос Цурцос вчера престојуваше во Гевгелија при што оствари средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. На средбата стана збор за досегашната соработка меѓу двете прекугранични општини, како и за можностите за продолжување и продлабочување на соработката. Посебно се разговараше за поектот EUBORCO, чија реализација е во тек, за во екот на ноември се предвидени работилници во Поликастро и во Гевгелија.
Двете општини, исто така, се во фаза на реализација на проектот АКВА М2,чиј лидер партнер е општина Гевгелија, а од грчка страна партнери се општините Пеонија и Халкидона, како и Универзитетот Аристотелу во Солун. Проектот, во чии рамки во Гевгелија се регулира дел од коритото на Сува река, се финансира од ИПА-Програмата за прекугранична соработка, која наскоро се очекува да објави нов повик. Токму околу можностите за заедничко аплицирање, проектите што се од значење за двете општини,како и подготовката на апликациите – беа теми за кои се разговараше на средбата.
Градоначалникот Сашо Поцков упати покана до новоизбраниот градоначалник на општина Пеонија, Костантинос Сионидис, кој стапи на должност од 1 септември, за посета на Гевгелија. Заменик градоначалникот Анастасиос Цурцос истакна дека поканата ќе биде пренесена, а реални се можностите средбата да биде остварена во октомври. Двете прекугранични општини во изминатиот периот имаат успешна соработка, која се манифестира преку заедничкиот настап, не само пред ИПА-ППС, туку и пред другите европски програми.