Систем 48: Навремено известување на подносителите на барања
Во текот на месец септември годинава преку Систем 48
од страна на граѓаните биле поднесени 12 барања, од кои 4 веднаш биле решени. Најголемиот број од барањата - 9 се однесуваат на дефект во уличното осветлување, а 2 за инспекциски надзор и 1 за работата на ЈПКД„Комуналец“.
На јавната презентација на Систем 48 беше укажано и побарано од надлежните општински служби и сектори во ЈПКД„Комуналец“ побрзо и поефикасно решавање на пријавените барања. Поточно, навремено известување на граѓаните доколку за решавањето е потребно повеќе време. Имено, по пријавеното барање на Систем 48 часа, решението на барањето треба да уследи за 48 часа или пак барањето да биде проследено на решавање до надлежните служби, а подносителот да биде известен за покренатата постапка.