Image
ВЕСТИ

Донесен ДУП-от за центарот на Гевгелија

По повеќегодишна постапка, Советот на општина Гевгелија

денес го донесе ДУП-от на централното градско подрачје, урбанистички документ кој долго го очекуваа, подеднакво и општината и граѓаните. Усвојувањето на Деталниот урбанистички план за центарот на градот уследи по добиената согласност од страна на Министерството за транзпорт и врски. Станува збор за документ со кој деблокира урбанистиучкиот развој на централното градско попдрачје и неговото урбано уредување.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков го поздрави донесувањето на ДУП-от за центарот на градот, еден од најприоритетните урбанистички документи за што се залагал од преземањето на градоначалничката функција пред две години. Со донесувањето на планот се создаваат услови за урбано уредување на центарот на градот, а во тие рамки и за уредување на стариот градски пазар во урбан градски сквер. Истовремено, се овозможува реализација на проектите на бројните заинтересирани граѓани и правни субјекти за реконструкција на своите деловни објекти или изградба на нови. На тој начин ќе се обезбедат доволно средства од комуналниот надомест за комунално уредување на станбените населби Караорман и Мрзенски рид, каде што од порано на граѓаните им се издадени одобренија за изградба на индивидуални куќи и наплатени комуналии, а истите не се обезбедени, истакна градоначалникот Сашо Поцков.
Советниците ја поздравија и иницијативата за реализација на проектот „Урбан градски сквер“ со кој локацијата на стариот пазар во центарот на градот, по неговата дислокација, да биде уредена во градски сквер. Со донесувањето на планот се создаваат сите предуслови за реализација на овој проект, за што наскоро ќе биде распишан тендер за изработка на основен проект и за негова реализација.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio