Објавена продажба на 8 градежни парцели за станбени куќи и згради
Општина Гевгелија објави продажба по пат на
електронско јавно наддавање на 8 градежни парцели за изградба на индивидуални станбени куќи и станбени згради во Гевгелија. Шест градежни парцели за индивидуални станбени куќи од 335 до 537 метри квадратни, се наоѓаат во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија, додека две градежни парцели за станбени згради, од 1078 и од 1616 метри квадратни, се наоѓаат во близина на новиот Градски пазар. Почетната цена на парцелите за станбени куќи е 61 денари за метар квадратен, а за станбените згради е 2.570 денари за метар квадратен.
Објавата е објавена во дневните весници и на веб страната на општина Гевгелија. Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk и тоа, за градежните парцели со намена Домување во станбени куќи да се достават електронски до 10.12.2019 година, додека градежните парцели со намена Домување во станбени згради да се достават електронски до 23.12.2019 година.
Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk, а ќе започне за станбени куќи на 12 декември 2019 година во 9 часот, додека за станбени згради ќе се одржи на 25 декември со почеток во 9 часот.