Почна санација на уличната мрежа во општината
Почна санацијата на локалната улична мрежа
во Гевгелија и некои населени места. Во Негорци веќе се работи за санирање на дел од улицата „Ѓорге Велков“, која предизвикува проблеми на жителите при секој пообилен дожд. Исто така, ќе биде бетонирана и уличката која води до детската градинка.
Во Гевгелија веќе е бетониран кракот на улицата кој води до Затворот, а се вршат подготовки и за санација на крак на улицата Кукушка. Со оваа последна акција од оваа година за санација на локалната патна мрежа се предвидува да бидат опфатени и некои други улици. Исто така, се предвидува и уредување на тротоари на улицата „7 Ноември“ од Здружението на возачи, па, се до игралиштето во Серменинско маало, потоа булеварот „Гевгелија“, од влезот се до кружниот тек, како и кај новиот Градски пазар.