
Одбележан Патрониот празник на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија
По повод 148 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев
Библиотеката „Гоце Делчев“ го одбележа својот Патронен Празник со Поетско читање со роднокрајни автори. Библиотеката додели награди и благодарници на тројца редовни читатели. На манифестацијата учествуваа: Љубица Томова, Жаклина Атанасова, Стефчо Стефанов, Ценка Попова Милковска, Кирил Кангов, Петар Јанчев, Димитар Арнаудов, Олгица Ќурчиева, Пепи Стамков, Дуче Минчев, Миле Ничевски и Алтнка Димитрова, поети од Гевгелија и населените места, кои се претставија со сопствена поезија и поезија по избор од омилен автор. По завршувањето со читање поезија, Душко Апостолов ја почести публиката со музика.