
Првата вечер по повод Спасовден одбележана со музички концерт на Димитар и Васил Ангови
Вчера, 26 мај, 2020 година, започна културното чествување
на заштитникот на градот, Св. Спас. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а под покровителство на Општина Гевгелија, првата вечер од чествувањето беше одбележана со музичкиот концерт на гевгелискиот дует Димитар и Васил Ангови.
Тридневното чествување беше официјално отворено со обраќање на директорот на Домот на културата, Весна Ристова и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.
- Во моментот, поради актуелната ситуација со Корона вирусот, приморани сме културните настани да ги следиме виртуелно, од дома, преку социјалните мрежи со пренесување во живо. Домот на културата и овојпат не беше спречен традиционално да го одбележи Спасовден, со малку сосема поразлична програма од вообичаената на која публиката беше навикната. Домот на културата и во услови на пандемија не ја заборава верната публика и ветува дека ќе продолжи со организирање на културни настани, истакна Весна Ристова истовремено изразувајќи благодарност до Општина Гевгелија и градоначалникот Поцков за несебичната соработка и поддршка.
Градоначалникот во своето обраќање го честиташе Патронот на Гевгелија и притоа истакна:
- Гевгелија и годинава го одбележува големиот христијански празник - Спасовден. Овој пат во услови на пандемија од Корона вирусот, со која се соочува целиот свет. И која не натера многу работи од нашето живеење и однесување да ги промениме. Вклучувајќи го и празнувањето на Спасовден - Патронот на Гевгелија.
Нека ни е честит празникот кој го означува Христовото вознесение. Нека Свети спас ни донесе здравје, заедништво и разбирање.
Нека Спасовден и натаму не штити и води кон подобра иднина.
А, сите ние заеднички да се заштитиме почитувајќи ги мерките на Владата на Република Северна Македонија и Општинскиот штаб за заштита и спасување.
Спасовден да го славиме од дома, заедно со гевгелиските музичари, кои ќе ни го збогатат празнувањето.
Уште еднаш нека ни е честит и вековит празникот на Гевгелија - Спасовден, рече градоначалникот Сашо Отворање на online отворањето на манифестацијата.