
Завршен онлајн-концерт на учениците од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија
Со изведба
на прекрасната музика и текст од операта „Волшебната флејта“ од Моцарт, учениците од Општинското основно музичкото училиште „Васо Карајанов“- Гевгелија, сепак, крајот на учебната година го одбележаа со завршен онлајн-музички концерт. Сите ученици, со повеќе иструменти и со своите гласовни способности ja интерпретираа песната од операта „Волшебната флејта“ од Моцарт, a видеото од концертот беше поставен на официјалната Фејсбук- страница на училиштето.
- Почитувани, Музичкото училиште од Гевгелија, со ова наше првенче во кое се вклучени учениците од музичкиот оддел, го заокружува и прославува крајот на наставната година. Секој ученик направи свое видео без дополнителни технички обработки, а истите успеавме да ги преточиме во заедничко музицирање. Во нивната поддршка покрај родителите, учествуваа и наставниците: Зоран Гогов - работи во училиштето од второто полугодие, но со себе ни донесе над 20 годишно искуство како музички педагог, Александар Лазаров - техничката поддршка за овој видео материјал и главниот ностиел на оваа наша идеја, Влатко Сапламаев - со својата пијано придружба им помогна на учениците да го снимаат материјалот, Соња Панова - секогаш спремна за нови проекти и тимска работа во училиштето. Навистина прекрасни луѓе, со кои е чест да се работи и се столбот на нашето училиште. Им благодариме како на учениците, така и на наставниците, а од септември продолжуваме со нови сили, истакна директорот на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Сузана Стефановска.