
ЖРК „Гевгелија“ по долга пауза се вратија на терен
По долга
паузa, поради новонастанатата ситуација со KOВИД-пандемијата,
членовите на ЖРК „Гевгелија“, се вратија на терен. Натпреварите се организираат според Протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за Здравство на Република Северна Македонија за работа на ракометните клубови при системот на РФМ за превенција и заштита од KOVID-19, без присуство на публика.
Во првото коло од Женската ракометна лига, нашата екипа беше домаќин против екипата на ЖРК „Деспина“ од Прилеп, на кое „Деспина“ издвои победа со резултат 29:26. Натпреварот се одигра на домашен терен, во Спортската сала „26 Април“.
ЖРК „Гевгелија“ доби пораз на натпреварот со ЖРК „Вардар“ со резултат 34:26 кој се одржа на 20 септември, 2020 година, во Спортската сала „Јане Сандански“- Скопје. Потоа следеше натпреварот против составот на Ѓорче Петров, на кој избраничките на тренерот Татјана Бојкова го запишаа првиот триумф во новата сезона од Женската лига, на домашен терен со резултат 20:11. Од нашиот тим се истакнаа: Јовеска со седум, како и Митрова и Митревска со по шест голa.
Вчера, 27 септември, 2020 година, во Струга, ЖРК „Гевгелија“ го одигра натпреварот со ЖРК „Стружанка“. Натпреварот се одигра нерешено, со резултат 25:25, a a најдобар стрелец беше Митрова со 12 погодоци.
Следниот натпревар ЖРК „Гевгелија“ ќе го одигра против „Спартак“- Скопје, на 11 октомври, 2020 година.