
Гевгелиските пензионери со песна на 11 Републичка ревија
Здружението
на пензионери од Гевгелија со песната „Стариот фенер згаснува“ се претставија со својот настап на 11 Републичка пензионерска ревија на песни музика и игри, во Скопје. На ревијата учествуваа 8 Здруженија на пензионери од Македонија преку Сојузот на Здруженија на пензионери, имено, и организатори на Регионалната ревија, претставувајќи се со по една музичка нумера. На свеченото отворање се обрати претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, поздравувајќи ги пензионерите и истакнувајќи ја нивната важна улога како градители на нашето општество.
- Ми претставува посебна чест и задоволство да ја прогласам за отворена 11-тата Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри 2021 во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Северна Македонија. Еве нé повторно заедно, откако лани, кога од познатите причини заради мерките за заштита од КОВИД-19 не можевме заеднички да ја поминеме 10-тата ревија. Ситуацијата со пандемијата оваа година дозволи во поопуштена атмосфера да ја организирате и одржите оваа ваша централна традиционална манифестација и дружба, откако претходно беа реализирани 8-те регионални ревии.
- Знам дека оваа пензионерска ревија на песни, музика и игри, во организација на вашиот Сојузот на здруженија на пензионери, ви значи многу, и токму затоа јас и оваа година прифатив да бидам под покровител и во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија да ви честитам на успешните подготовки и да ви посакам успех во одржувањето на ревијата, рече Заев.
Покрај премиерот Заев, на настанот се обрати и претседателката на Сојузот на Здруженија на пензионери на Северна Македонија, Станка Трајкова, организатор на Републичките ревии.