
11 медали за каратистите од КК „Гевгелија“ на „Летната карате школа“
Членовите
на карате-клубот „Гевгелија“ од Гевгелија, од „47 Летна карате школа“ во Дојран се вратија со освоени награди во сите категории. И тоа, 5 златни медали и 6 сребрени медали. Додека, тренерот Живко Аврамов доби диплома за 7-ми дан мајсторски појас. За многубројните успеси на „47 Летна карате школа“, тренерот Аврамов дека членовите- каратисти се претставиле одлично, а за тоа зборува бројката на освоените златни и сребрени медали.
Имено, „Летната карате школа“ ја организира Шотокан карате до Академија на Македонија“, на која учествуваат и други членови од Карате-клубовите во државата.