Ангов за животот наречен театар и театарот наречен живот
Вчера,
гевгеличани имаа можност да проследат претстава која беше божем откажана, без сценографија, со само 2 реквизита и само еден актер кој толкуваше повеќе улоги. Всушност, пред присутните, струмичанецот Коста Ангов со својата актерска игра во монодрамата „Глумецот е глумец“, по сценарио на Зијах А. Соколовиќ, го толкуваше апсурдното прашање на денешницата- „Да се биде глумец или не?“ И што е тоа што еден глумец го „спречува“ да биде глумец кога тоа не зависи само од него, туку од повеќе фактори, почнувајќи од стереотипите кои ги имаат блиските за изборот на професијата, па се до материјалните и финансиските недостатоци кои влијаат врз развојот на театарската културно- уметничка дејност и, воопшто, во градењето на актерската професија која се работи на штиците што живот значат.
Иако претставата беше божемски откажана поради божемските недостатоци, гевгеличани му удоволија на Ангов да биде глумец, добивајќи го нивниот аплауз за неговата фантастична игра и затоа што навистина е глумец.