Во општина Гевгелија, одржан првиот Меѓународен турнир во шах за слабовидни и слепи лица
Во просториите на Негорските Бањи, а во организација на
Спортскиот клуб за слабовидни и слепи лица „Аурора“ и соработка со Здружението на слепи лица од Гевгелија, се одржа првиот дводневен Меѓународен турнир во шах за слепи и слабовидни лица. На Турнирот, учествуваа 25 шахисти, членови на Спортските клубови за слепи и слабовидни лица од Македонија, меѓу кои и од Белград.
Најмалата учесничка на Турнирот беше Лана Трајковска од Гевгелија, која го освои четвртото место. Освојувајќи ги паричните награди во висина од 3000, 2000 и 1000 денари, на првото место се позиционираше Блаже Атанасовски од Скопје, зад него Лимани Лиман од Тетово, а на третото место Санде Атанасов од Штип. Илија Џолиќ од Белград заврши на петтото место.
Овој спортски настан беше отворен од страна на Лазо Трајков, претседател на СК „Аурора“ и Благој Мишевски, претседател на Националната спортска федерација за слепи лица, а неговото одржување помогнато и поддржано од Општина Гевгелија, Paint it black и „Вори“- Гевгелија.