Одржан 18 Меморијален планинарски марш „Димитар Кангов- Кангата“
ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, согласно својата
Програма за работа, го одржа 18 по ред Меморијален планинарски марш „Димитар Кангов- Кангата“. На овој традиционален марш, учествуваа 70 планинари од гевгелиското планинарско друштво и планинарските друштва во Македонија, меѓу кои и 17 ученици од ООУ „Климент Охридски“- Миравци.
Поради лошите временски услови, планинарите беа спречени да го искачат највисокиот врв на Кожув- Зелен Брег, со тоа што планинарската маршута со одлука на членовите на ЗПСК „Кожув“ беше прекината на Марково Езеро. Додека, маршутата на учениците од ООУ „Климент Охридски“- Миравци беше пренасочена на потегот Планинарски дом „Томе Шутов- Кротки“ до село Серменин и назад. Како што истакнаа организаторите, силниот ветар и магла не била пречка за мала група од Неготино на своја одговорност да го искачи врвот Зелен Брег.