
Отворена изложба "Сеќавање на детството"
Во Пионерскиот дом во Гевгелија, беше отворена изложбата
„Сеќавање на детството“ на двајца млади ликовни уметници: Дејан Мачуков и Цветан Караѓоргиев. Отворајќи ја оваа интересна изложба, Александар Јанев, претседател на ДЛУГ, нагласи дека уметниците преку своите дела се навраќаат на детството, во тој безгрижен период и вечно да ги зачуваат најскапоцените доживеани емоции. Спомените од детството остануваат длабоко врежани во срцата на секој и траат се додека чука срцето.
Гевгелиската публика има можност да види околу 20-тина слики изработени во акрил на платно, во кои преовладуваат светлите бои. Цветан Караѓоргиев е роден на 29 Април 1994 година во Гевгелија, и уште како мал искажувал желба кон цртањето и сликањето, учевствувал на многубројни ликовни конкурси и е добитник на голем број признанија. Се мотивирал да продолжи со сликарство, од свое хоби да прерасне во поголемо нешто. Дејан Мачуков е роден 23 Јули 1994 во Скопје. Дипломирал во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн во класата на ред.проф.Благоја Маневски. Учевствувал на многубројни групни студенски изложби.