Во Гевгелија, омаж за Томе Манчев
Во рамки
на „Гевгелиско културно лето“, се одржа омаж „По стапките на ... проф. д-р sci Томе Манчев“ на плато пред Народниот театар- Гевгелија. Во чест на Томе Манчев, родум од Гевгелија, со Проектот, во кој учествуваат неговите студенти - веќе реномирани музичари, гевгелиската публика имаше можност да ги слушне компонираните музички дела под негово менторство поткрепени со визуелизации.
„По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев“ претставува своевиден омаж на ликот, делото и значењето на неодамна починатиот, исклучителен македонски композитор Томе Манчев, чие мото беше да се создаде високо квалитетно и уметничко дело со моќна експресија, високо ниво на психо-енергија, совршено композициско-техничко обликување. Но, и дело што ќе успее да го „предаде“ како граѓанин на Македонија. Всушност, дејноста преку која овој композитор ќе остане особено запаметен е неговата педагогија на сите степени на образование - од средно до докторски студии.