
Пијанистката Дулар од Словенија одржа работилница за пијано
Со
Интерактивната едукативна музичка работилница започна реализацијата дводневната програма во рамките на манифестацијата „Музички образовни средби- Гевгелија, 2021“, во организација на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија. На работилницата учество земаа музички педагози од основните и основните музички училишта од повеќе градови низ државата, а предавач беше Ловорка Немеш Дулар од Словенија, која зборуваше на темата: „Развојот на техниката на свирење, музикалност, групно музицирање и пристап кон современата музика“.
На оваа работилница присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, посакувајќи им пријатен престој во Гевгелија на гостите од државата и на пијанистката од Словенија. Притоа, изрази задоволство што томку Гевгелија, како град во кој е развиена културата, е домаќин на оваа работилница која ја организирира ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, негувајќи ја класичната музика преку настани од секаков карактер. Работилницата се одржа во Малата сала на Народниот театар.
Имено, во рамките на програмата, на 28 јуни, во просториите на Народен театар – Гевгелија, беше одржан целовечерен концертм на кој настапи пијанистката Јасмина Трајческа, прославувајќи ја својата 20-годишна концертна дејност. На концертот насловен како „Балканска рапсодија“ се интерпретираа дела од: Бојовиќ, Шопен, Матичиќ и Гершвин, а како гости земаа учество Ловорка Немеш Дулар (пијано) и Сања Миленковиќ (пијано).
На 29 јуни, со почеток во 10 часот, пијанистката Ловорка Немеш Дулар одржа неколку семинарски часови со ученици по пијано од ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија, како и ученици од средните музички училишта во Македонија. Културната манифестација „Музички образовни средби - Гевгелија, 2021“ како проект е поддржан од страна на Oпштина Гевгелија преку Програмата за култура, за 2021 година. Се реализираше во соработка со Дом на култура од Гевгелија, а помагатели на настанот беа Фондацијата „Аполонија“ и „Музички моменти“- Гевгелија.