
Три награди за пијанистите од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија на Меѓународниот натпревар по пијано во Гевгелија
Во духот на натпреварувањето,
дружењето и одржувањето пријателство, Гевгелија го запиша одржувањето на 10 Меѓународен натпревар по пијано. Од 14 до 16 јуни, 2022 година, во хотелот „Аполонија“, млади пијанисти од: Гевгелија, останатите градови од државата, но и од Република Бугарија и Косово се натпреваруваа во пет категории, а нивниот настап беше оценуван од страна на стручна жири- комисија.
На Меѓународниот натпревар по пијано, учествуваа и пијанисти од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, кои со својот талент и континутирано вежбање под менторство на нивните наставници, освоија две Први награди и една Втора награда. Имено, третооделенецот Илија Димов од класата на наставникот Влатко Сапламаев и петтоодделенецот Благоја Стоев од класата на наставникот Александар Лазаров ги освоија првите две места, додека Сара Видичек, која е трето одделение, од класата на наставникот Костадин Издушнов, освои Трета награда.
Како што е веќе познато, Меѓународниот натпревар по пијано во Гевгелија веќе 10 години е во организација на гевгелискиот пијанист, Глигор Гелебешев, кој успешно ја вбројува Гевгелија како домаќин на натпревари, подготвена да ги дочекува идните големи имиња од областа на пијано уметноста.