Победа на РК „Партизан“ во дуелот со „Борец“
Победа над „Борец“ оствари РК „Партизан“ со резултат 24:30
во рамките на претпоследното коло од втората група на Првата лига, во Велес.
Најдобри стрелци кај „Партизан“ беа: репрезентативецот Узунчев со 12 гола, Лисичков со 6, Ристо Узунчев со 4 и Вегов и Камчев со по 3 гола. Гевгеличаните победувајќи ги велешаните, ќе играат во меѓуфазата од доигрувањето во Првата лига, заедно со уште пет екипи (петто, шесто и седмопласираните во двете групи).