Младите балерини од ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ се претставија во најдобро светло
Балетскиот оддел на ООМУ„Васо Карајанов“ во Гевгелија, синоќа го одржа традиционалниот Годишен концерт.
На концертот се претставија сите одделенија, од прво до седмо, на балетскиот оддел со извадоци од познати балети.
Настапот на младите балерини предизвика голем интерес кај публиката. Кореографијата на концертот беше на Виолета Чокова, која ги подготвува учениците во балетските одделенија.
Балетскиот оддел во ООМУ„Васо Карајанов“ е формиран во 1995 година. Благодарејќи на упорноста на кореографите во изминатиот период, од ова училиште излегоа талентирани балетани.