ПСК „Двете уши“ го реализираше третото искачување на врвот Мала Рупа
На 19 септември,
со искачување на врвот Мала рупа на Кожуф Планина, беше реализирано третото традиционално еднодневно дружење во организација на Планинарскиот спортски клуб „Двете уши“ од Гевгелија.
На искачувањето по падините на Кожуф учествуваа 167 планинари, меѓу кои и ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“, стартувајќи од месноста Смрдлива вода, a движејќи се по однапред утврдените патеки, во зависност од нивната физичка подготвеност. И, тоа по патеките: Смрдлива Вода - Исирова пресека (од 1.5 до 2 часа, лесна патека), Смрдлива Вода - Исирова пресека - Натстрешница - Врв Сува Рупа (од 3 до 3.5 часа, средна патека), Смрдлива Вода - Исирова пресека - Натстрешница - Врв Сува Рупа - Врв Мала Рупа (од 4 до 5 часа, средно тешка патека).
По искачувањето на Врвот, од страна на организаторите им беа доделени благодарници на планинарите за нивното учество на ова трето по ред традиционално искачување на врвот Мала Рупа, висок 2004 метри.