Валентина и Кристина Узунови на атлетската трка за Џингар со освоено прво и трето место
На првата
Меморијална атлетска трка „Миле Јаневски Џингар“ која се одржа во Македонска Каменица, атлетичарката на АК „7-ми Ноември“- Гевгелија, Валентина Узунова, во женска конкуренција го освои првото место, додека Кристина Узунова, исто така член на АК „7 Ноември“ беше трета. Во машка конкуренција, членот на АК „7-ми Ноември“, Никола Ковачев, се позиционира на 21-то место. На трката која беше во должина од 10 километри, учество зедоа 80 тркачи, 20 во женска и 60 во машка конкуренција.
Инаку, трката ја организираа ентузијасти од Македонска Каменица, во чест на 50- годишнината од раѓањето на бранителот од воениот конфликт од 2001 година, Миле Јаневски Џингар, кој загина на 28 април 2001 година. Стартот на трката беше во неговото родно место Костин Дол (маало Ума), а заврши пред неговиот споменик во Паркот на борците во Македонска Каменица.