Изложба на мултимедија центарот „ГРАДСКА ТЕКСТУРА“
Мултимедиа центарот од Гевгелија организира мултимедијална изложба „ГРАДСКА ТЕКСТУРА"
на ликовни дела во разни медиуми и техники (сликарство, фотографија, графика и скулптура) со учество на 15 автори: Мирјана Крстева Массетти, Вангел Срнаков, Катерина Чугунска, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓуров, Перо Кованцалиев, Иван Кал`чев, Анамарија Митриќеска Кал`чева, Сотир Хаџи-Николов, Александар Јанев, Габриела Стахурска Гошева, Стефчо Стефанов, Димитар Новаков, Дејан Мачуков и др. Изложбата ќе бидеотворена, во сабота, 17 ноември 2018 година, во Пионерскиот дом во Гевгелија, во 20 часот.
Мултимедија центарот во Гевгелија е здружение формирано од млади творци од областа на ликовната дејност. Како основна цел на здружението е развивање и унапредување на културно-уметничките дејности преку разни форми на дејствувања, како и подигање на свеста на пошироката јавност во однос на уметноста и интеркултурниот дијалог, со помош на огромната моќ на уметноста преку нејзините средства, ненасилно да ги менуваат нештата во нашето општество во позитивна насока. Од самото формирање на здружението Мултимедиа центар Гевгелија има континуирани активности на полето на ликовната уметност со организирање на изложби, ликовни работилници и сл.