Благојче Најдески и Борче Танчев, најдобри шахисти на Вториот брзопотезен турнир
Во организација
на Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, се одржа вториот по ред Брзопотезен турнир во шах од серијата Гранд При. На турнирот се натпреваруваа: Благојче Најдески, Борче Танчев, Тоше Андонов, Борис Јованџиков, Коле Думаловски, Ванчо Трајков, Славчо Кочев, Илија Мицевски, Душко Андонов, Петар Букршлиев, Томица Марков и Саше Арнаудов. На крајот од турнирот беа прогласени 4 најдобри шахисти. Првото место го поделија Благојче Најдески и Борче Танчев, зад нив беше Тоше Андонов, а третото место му припадна на Борис Јованџиков.
Организаторот упати благодарност до учесниците на Вториот брзопотезен турнир во шах, најавувајќи го следниот турнир во мај.