Од Вардар до Триглав: ЗПСК „Кожуф“ го искачи словенскиот врв
Во рамките на
70-годишниот јубилеј кој ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија го прославува годинава, 16-члена екипа тргна во поход да го искачи планинскиот врв Триглав, кој е и највисокиот врв на Јулските Алпи во Словенија. Спроведувањето на акцијата од Вардар до Триглав беше во периодот од 13 јули до 17 јули, кога по дводневната маршута, отежната од временските услови, на 16 јули, 16-члената екипа на ЗПСК „Кожуф“ се фотографираше на врвот, совладувајќи ја неговата височина од 2.864 метри.
По враќањето, претседателот на ЗПСК „Кожуф“, Ристо Каркалашев“ им честиташе на членовите за успешното искачување на Триглав, а својата благодарност ја упати и до луѓето и институциите кои ја поддржаа и помогнаа оваа планинарска акција да биде успешна, вклучувајќи ги Општина Гевгелија и градоначалниот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Имено, низ годините, ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија има организирано повеќе пати искачувања на словенскиот Триглав, но оваа година со најголем број учесници.