Фестивал на новиот германски филм во Гевгелија
Домот на култура Гевгелија во Гевгелија, од 15 до 18 јуни годинава беше
домаќин на 14 Фестивал на новиот германски филм. Љубителите на седмата уметност можеа да проследат седум филмови од новата германска продукција, односно по два филма дневно. Фестивалот го отвори претставникот од Германската амбасада, г-ѓа Катрин Фриинсфелд, којa нагласи:
-Како и секоја година, селекторите на фестивалот се обидоа да дадат разнолик пресек на современиот филм во Германија, носејќи ѝ на македонската публика драма, трагикомедија, комедија, семеен филм, детски, документарен и серија кратки филмови. Филмовите се грижливо избрани, со цел да задоволат разни вкусови и некои од нив имаат постигнато огромен успех на филмските фестивали, а еден беше и во конкуренција за Златна мечка на Берлинале.
На отворањето на фестивалот во Гевгелија беше прикажан филмот „100 Нешта (100 Dinge)“, а за време на тридневната презентација во Народниот театар во Гевгелија беа прикажани „Помош, ги смалив моите родители (Hilfe, ich habe meine Eltern geschrumpft)“, „Патување во Ерусалим (Reise nach Jerusalem)“, „Тоби и тајната на нашата планета (Checker Tobi und das Geheimnis unseten)“,„Во време на намалена светлина ( In Zeiten des abnehmenden Lichts)“. Последниот ден од фестивалот, во беше прикажани филмовите „Продадената смеа (Das verkaufte Lachen)“ и „Крајот на вистината (Das End der Wahrheit)“.