![Image](/images/2022/02/15/logo-gvg.png)
Меѓународен натпревар на млади пијанисти
![](/images/2019/06/19/megjunaroden-festival.jpg)
Во Гевгелија и годинава, по деветти пат,
се одржа мегународниот натпревар на млади пијанисти „Гевгелија 2019“, на кој учествуваа над сто млади пијанисти од Македонија, Бугарија, Србија и Косово. На овој традиционален натпревар, што го организира професотот и пијанист Глигор Гелебешев, под покровителство на општина Гевгелија, младите пијанисти се натпреваруваа во пет категории. Членови на жири комисијата беа Катарина Крпан од Хрватска и Драгомир Братиќ и Предраг Стојановиќ од Србија, ги оценуваа настапите на младите пијанисти.
-Гевгелија и годинава беше домаќин на многу млади музички надежи кои покажаа колку навлегле во тајните на интерпретирање на дела од големите музички имиња во светот. Што е уште позначајно овој натпреварот стана дел од многубројните културни обележја на градот. Гевгелија повторно се покажа како добар домаќин и подготвено ги дочека големите професионалци и идните големи имиња од областа на пијано уметноста, како и нивните професори и родители, изјави Гелебешев.