Јубилеен концерт на ансамблот „Бојмија“
Aнсамблот „Бојмија“ од Гевгелија, со Јубилеен концерт
го одбележа своето 15 годишно постоење. Концертот насловен како „Нашето оро - еден чекор кон минатото три кон иднината“ предизвика огромен интерес кај публиката. имено, на овој јубилеен концерт учествуваа членовите од првата постава на ансамблот, сите поранешни членови на „Бојмија“,а настапија и неколку поранешни членови на КУД „Јосиф Јосифовски“, чии традиции, всушност ги продолжува Ансамблот „Бојмија“.
Денес, ансамблот го сочинуваат 140 редовни членови кои се поделени во четири групи, а располага со преку 1000 парчиња носии, поголемиот број собирани од теренот на областа Бојмија. Секоја година ансамблот „Бојмија“ учествува на три меѓународни турнеи и на две турнеи по земјите од бившите југословенски простори.