Фолклорен ѓердан 2019: ревија на македонскиот фолклор
Одбележувањето на Денот на ослободувањето на
Гевгелија-7 ноември започна со традиционалната мнанифестација „Фолклорен ѓердан“. Тоа беше вечер посветена на македонскиот фолклор, вистинска фолклорна ревија на која пред гевгелиската публика ќе продефилираат ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, КУД„Браќа Толеви“ од Прдејци, КУД„Дримкол“ од Вевчани, како и ФБ„Блажевски“, фолклорното студио „Етнос“ и АКУД„Мирче Ацев“, сите од Скопје.
Гевгелиската публика по традиција со долги аплаузи ги награди учесниците на оваа вечер посветена на фолклорот. Тоа беше уште една можност гевгеличани да уживаат во настапите на локалните фолкорни групи и ансамбли, но и гостите од целата зема. Организаторот – Пионерскиот дом на тој начин настојува на сцената на Народниот театар да ги претстави различните ора и песни од разни краеви наземјата и натој начин најверодостојно да го презентира изворниот македонски фолкоор.