Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија
Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија на својата
Годишна изложба, која синоќа беше отворена во фоајето на Народниот театар во Гевгелија, го презентираше богатството на Гевгелиската ликовна школа. Со оваа изложба ја продолжуваме традицијата, во пресрет на празникот на нашиот град да ги презентираме најновите дела на членовите на ДЛУГ, истакна на отворањето на изложбата претседателот на ДЛУГ Александар Јанев. Техниката не беше нагласена, па така секој од уметниците одлучи да се претстави по сопствен избор. Свои дела на изложбата презентираа гевгелиските уметници од постарата и помладата генерација Борис Петров, Атанас Крстев, Никола Бутров, Јордан Јанев, Михаил Петров, Гордана Петрова, Драги Хаџи-Николов, Горан Јованов, Миле Ничевски, Вангел Срнаков, Адријана Манчева, Мирјана Крстева Массетти, Иван Кал‛чев, Перо Кованцалиев, Дамјан Ѓуров, Катерина Чугунска, Сотир Хаџи-Николов, Ѓорги Петровски, Александар Јанев и Анамарија Митриќеска-Кал‛чева.
-Ја поздравувам работата на гевгелиските ликовни уметници, кои секоја година во пресрет на Денот на ослободувањето на Гевгелија, ни ги презентираат своите дела. Со тоа значително придонесуваат за збогатување, не само на културната празнична програма, туку и на ликовното творештво на овој град. Затоа, и како општина одлучивме секој година, на годишната изложба на ДЛУГ да откупиме едно од изложените дела. И тоа, почнувајќи од најстарите ликовни уметници и членови на ДЛУГ, како што е случајот годинава, со откуп на изложеното дело на реномираниот не само гевгелиски, туку и македонски ликовен уметник Борис Пертов, рече на отворањето на изложбата градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков